Во изминатиот период „Галеб“ АД створи доста разгранета и разработена сообраќајна мрежа, како низ Македонија, така и кон соседните држави. Секогаш актуелни се редовните линии за Белград, Саранда, Валона, Тирана, Нови Сад и Херцег Нови.
Во Република Македонија се реализираат линии до Скопје, Битола и Кочани со повеќе редовни поаѓања дневно. Локалниот сообраќај го покриваме целосно на општинско ниво. Составен дел на компанијата е современ авто-сервис, кој покрај дневната нега и одржување на сопствениот возен парк, комплетно е опремен за поправка, оджување и ремонт на автобуси и автомобили. За високиот квалитет на овие услуги се грижи врно обучен високо професионален кадар.