АД „Галеб“ Охрид е реномирано патничко-транспортно претпријатие во Република Македонија со 70 години постоење и успешно работење.
Високиот квалитет на услугата, комфорноста и безбедноста која ја нудат 25 минибуси, 1 панорами, 8 автобус за локален сообраќај и 40 високостандардни автобуси го прават „Галеб“ неприкосновен лидер во авто-транспортната дејност во републиката.
Во изминатиот период „Галеб“ АД створи доста разгранета и разработена сообраќајна мрежа, како низ Македонија, така и кон соседните држави. Секогаш актуелни се редовните линии за Белград, Саранда, Валона, Тирана, Нови Сад и Херцег Нови.
Во Република Македонија се реализираат линии до Скопје, Битола и Кочани со повеќе редовни поаѓања дневно. Локалниот сообраќај го покриваме целосно на општинско ниво.
Остави коментар